спорт

Дејан Кулушевски за 35 милиони евра премина во Јувентус

- Кулушевски, репрезентативец на Шведска по потекло од Северна Македонија, оваа сезона во дресот на Парма одигра 17 натпревари и постигна 4 погодоци и 7 асистенции.

Doğa Kırmızıoğlu  | 03.01.2020 - Обновена : 06.01.2020
Дејан Кулушевски за 35 милиони евра премина во Јувентус

АНКАРА

Клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Јувентус, го трансферираше 19-годишниот Дејан Кулушевски, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на овој клуб, до 30 јуни 2024 година е потпишан договор со Кулушевски, играч на Аталанта, кој игра под наем за Парма.

Јувентус на Аталанта ќе ѝ исплати 35 милиони евра за Кулушевски. Италијанскиот клуб вети дека ќе плати дополнителни 9 милиони евра доколку Кулушевски покаже добар перформанс.

Кулушевски, репрезентативец на Шведска по потекло од Северна Македонија, оваа сезона во дресот на Парма одигра 17 натпревари и постигна 4 погодоци и 7 асистенции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.