Bedrudın Brljavac
03 Јануари 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2020
МИЛАНО
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ од синоќа и официјално е новиот играч на Милан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ибрахимовиќ потпиша договор со „Росоњерите“ до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката.
„Секогаш велев дека ова е мојот дом и конечно се вратив. Луѓето поради мене ќе скокаат од среќа на Сан Сиро“, изјави Ибрахимовиќ, кој во Милан ќе го носи дресот со број 21.
Тој би можел да дебитира веќе на 6 јануари во натпреварот против Сампдорија на „Сан Сиро“.
Ибрахимовиќ во текот на својата кариера настапи за Малме ФФ, Ајакс, Јувентус, Барселона, Милан, Париз Сен Жермен, Манчестер јунајтед и ЛА Галакси и за тие клубови имаше 788 настапи на кои постигна 473 погодоци. За репрезентацијата на Шведска одигра 116 натпревари, постигнувајќи 62 погодоци.
Милан во моментов со 21 бод се наоѓа на 11. место во италијанската фудбалска лига Серија А, заостанувајќи зад првопласираните Интер и Јувентус со 21 бод.