Emre Doğan
18 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Фудбалскиот клуб Милан, член на италијанската прва лига (Серија А), го продолжи договорот со италијанскиот фудбалер Џакомо Бонавентура до 30 jуни 2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот клуб Милан на својата веб-страница информираше дека договорот со 27 годишниот италијански фудбалер е продолжен до крајот на сезоната 2019-2020.
Бонавентура во редовите на Милан дојде од италијанскиот глуб Аталанта, во 2014 година. Тој досега за Милан одигра 19 натпревари, постигна 4 гола и имаше 6 асистенции.