Dejan Maksimoviç
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
РИМ (АА) - Според наводите на италијанските медиуми, поради кршење на правилата на Финансискиот фер-плеј, ФК Милан би можел да биде драстично казнет од Европската фудбалска федерација (УЕФА). Се наведува дека се очекува УЕФА да ја донесе одлуката в понеделник, и дека славниот милански клуб би можел да биде исфрлен од Европската лига и парично казнет со дури 30 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Се истакнува дека клубот од „Сан Сиро“ ќе плати цена поради лошото работење на претседателот Ли Јонгхонг, кој минатата година го купи Милан од Силвио Берлускони
„Росонерите“, според медиумските наводи, моментално се наоѓаат во центарот на сагата поради сопственоста на клубот, која би можела да се заврши така што Милан ќе го преземе американската групација „Elliott Management“.
Кинескиот бизнисмен до вчерашниот рок не успеа да обезбеди 32 милиони евра, неопходни за да се обезбеди зголемување на капиталот, па поради тоа неговата позиција во клубот во овој момент изгледа нестабилна.