спорт

Холандскиот ПСВ потврди: Филип Коку го презема Фенербахче

Во соопштението на ПСВ е наведено дека Коку постигнал договор со Фенербахче, и дека неговото место на клупата на ПСВ ќе го преземе неговиот сонародник Марк ван Бомел.

Abdullah Aşıran  | 22.06.2018 - Обновена : 23.06.2018
Холандскиот ПСВ потврди: Филип Коку го презема Фенербахче

Eindhoven

АЈДНХОВЕН (АА) - „Холандскиот фудбалски експерт Филип Коку постигна договор со екипата на турскиот прволигаш Фенербахче“, се потврдува од холандскиот клуб ПСВ, кој Коку го предводеше во последните пет сезони, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на ПСВ е наведено дека Коку постигнал договор со Фенербахче, и дека неговото место на клупата на ПСВ ќе го преземе неговиот сонародник Марк ван Бомел.

Исто така е нагласено дека заедно со Коку во Фенербахче ќе премине и неговиот помошник Крис ван дер Верден.

Генералниот директор на ПСВ, Тон Гербрандс, изјави дека заминувањето на Коку дошло изненадно.

„Успехот со себе носи и нови барања. Му се заблагодарувам на Коку за успесите што ги постигна во ПСВ. Тој е многу, многу добар тренер. Кон него имам крајна почит и му посакувам многу успеси во Турција“, изјави Гербрандс.

Филип Коку, поранешниот репрезентативец на Холандија, во последните пет години ја водеше екипата на ПСВ, а во тој период освои три првенства на Холандија, еден холандски куп и една титула на Супер купот. За време на играчката кариера настапуваше за ЗА Алкмар, Витесе, ПСВ, Барселона и Ал Џезеира клуб. За Барселона одигра 205 натпревари и постигна 31 погодок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın