Diyar Güldoğan
21 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
ТОРОНТО (АА) - Германскиот интернационалец со турско потекло, Емре Џан, како слободен фудбалер ќе потпише договор со италијанскиот првак Јувентус, а останува само да ги помине лекарските прегледи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Емре Џан ги започна лекарските прегледи и рутински контроли во клупскиот медицински центар во Торино“, се соопштува на официјалната интернет-страница на Јувентус.
Џан е 24-годишен играч од среден ред, кој во Торино доаѓа од Ливерпул, откако во дресот на тимот од Енфилд одигра 167 натпревари.
Неговиот четиригодишен договор со Ливерпул истекува на 30 јуни, а претходно во кариерата носел и дресови на германските тимови Баер од Леверкусен и Баер од Минхен.