Dejan Maksimovic
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Паоло Дибала, напаѓачот на Jувентус, по синоќешната елиминација на Барселона во Лигата на шампионите изјави дека сега во најсилното европско клупско натпреварување веќе нема фаворит, јавува Anadolu Agency (AA).
Дибала беше херој на „старата дама“ во првиот натпревар, во кој таа славеше со 3:0, а аргентинскиот фудбалер постигна два гола. Синоќа на „Камп Ноу“, актуелниот шампион во Италија им одолеа на сите напади и влезе во полуфиналето.
„Кога заедно ја гледавме жрепката на паровите на четвртфиналето, сите се согласија дека би било добро да се избегне Барселона. Сега, јас не гледам ниту еден од фаворитите во полуфиналето. Мислам дека сите четири екипи имаат подеднакви шанси да одат до крај. Ќе видиме кого ќе го добиеме во полуфиналето“, вели Дибала.
„Да не примиш гол од тим каков што е Барселона, не е лесно. Многу сме задоволни со нашите достигнувања против големиот тим“.
Освен Јувентус, во полуфиналето на Лигата на шампионите се пласираа Монако, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Жрепката за паровите на полуфиналето ќе се одржи в петок, во Нион, со почеток во 12 часот. Првите натпревари ќе се одиграат на 2 и 3 мај, а ревашот на 9 и 10 мај.