Admir Fazlagic
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Женскиот ракометен клуб Вардар (ЖРК) вечерва беше поразен од женскиот унгарски ракометен клуб Ѓер, во продожението од финалето на Лигата на шампионите кое се играше во Будимпешта. Унагрскиот тим победи со 31:30 (26:26, 15:12), пренесува Anadolu Agency (AA).
Финалето од Лигата на шампионите траеше 70. минути а во продолженијата беше познат новиот европски првак. Унгарскиот тим успеа по третпат да биде европски шампион, а македонскиот Вардар првпат го освојува сребрениот медал.
Екипата на Вардар во текот на првото полувреме правеше доста технички грешки што беше и главната причина за водството на Ѓер. Од друга страна, уганрскиот тим во одбраната покажа остра игра кон противничите играчи на Вардар, во обид да ги спречи нападите и одигра брзи контранапади.
Статистиката од натпреварот покажува дека во првото полувреме Ѓер имаше 52 отсто реализација на нападот и 71 отсто одбранети топки, за разлика од Вардар каде тој процент беше помал, 40 отсто одбранети топки и 60 отсто во нападот и осум загубени топки во овој период.