Dejan Maksimoviç
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
МЕЛБУРН (АА) - Данската тенисерка Каролина Возњацки ја освои својата прва Гренд Слем титула во кариерата. Таа во денешното финале на Австралија опен ја победи Симона Халеп со 2:1, по сетови 7: 6, 3: 6, 6: 4, јавува Anadolu Agency (AA).
Возњачки и Халеп одиграа одличен натпревар кој траеше речиси три часа. Првиот сет беше исклучително возбудлив и изобилуваше со пресврти. Данската тенисерка имаше 3:0, 4:1 и 5:2, но Румунката успеа сетот да го однесе во тајбрејк. Сепак, Возњацки беше посмирена и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет се водеше изедначена борба до осмиот гем, кога Халеп имаше водство со 5:3, а потоа успеа да го освои својот сервис за изедначување 1:1 во сетови.
Трертиот одлучувачки сет донесе уште поголема возбуда.
До резултатите од 4:4, двете тенисерки успеаја да го изгубат сопствениот сервис на трипати. Потоа Вознијацки успешно сервираше за 5:4, а потоа уште еднаш го зеде сервисот на противничката за триумф на првиот Гренд Слем турнир сезонава.
Во машкото финале во недела ќе се сретнат Швајцарецот Роџер Федерер и Хрватинот Марин Чилиќ.