Halife Yalçınkaya
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
СИВАС (АА) - Поранешниот бразилски репрезентативец и актуелниот фудбалер на турскиот прволигаш Сивасспор изјави дека со доаѓањето во овој тим го направил вистинскиот потег, јавува Anadolu Agency (AA).
Робин де Соуза, попознат како Робињо (33), кој играше за клубовите како Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити, зборуваше со новинарот на АА за преселбата во екипата Сивасспор.
Зборувајќи за градот Сивас, во кој што поминал само неколку дена, Робињо вели дека станува збор за еден мал град со многу топли луѓе.
„Навивачите ми организираа многу убаво добредојде. Условите што ги нуди клубот Сивасспор се одлични. Можам да кажам дека со доаѓањето во Сивас направив вистински потег", рече Робињо.
Тој, исто така истакна дека, откако ја добил понуда од Сивасспор, разговарал со Роберто Карлос, поранешниот тренер на овој клуб, како и со Чичињо, кој го носеше дресот на клубот од Сивас.
„Карлос и Чичињо ми дадоа многу позитивни информации. Исто така се информирав за навивачите на клубот. Сè што слушнав за Сивас беше позитивно", рече Робињо
Тој додаде дека пред доаѓањето во Сивас слушнал многу за турската Супер лига, а најмногу дознал од поранешниот фудбалер на Фенербахче, Алекса де Сузе и Диего.
„Знам многу за Супер лигата, таа е многу добра и борбена лига", рече Робињо.
Осврнувајќи се за утрешниот натпревар на Сивасспор против Малатијаспор, Робињо рече дека изминатите денови активно работел на тренинзите и се чувствува подготвен.
„Ако тренерот сака, јас сум подготвен да втрчам на теренот. Многу работев на тренинзите. Многу е важно да земеме три бода против Малатијаспор", рече Робињо.