Emrah Oktay
24 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската репрезентативка во борење, Јасемин Адар, освои златен медал во категоријата до 75 килограми на Светското првенство во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската натпреварувачка во финалето ја победи Василиса Марзалиук од Белорусија со 5:4.
Со оваа победа, Адар стана првата жена-борач од Турција што го има освоено златниот медал за својата земја.
По освојувањето на златото, Адар ја чекаше големо изненадување во салата.
Имено, нејзе јавно ја запроси нејзиното момче Ердем Јигит, а таа ја прифати понудата за брак.
Таа им изјави на новинарите дека е пресреќна што успеа да освои златен медал.
"Овде денес испишав историја, пресреќна сум поради тоа", рече Адар.