спорт

Бранителката на титулата, Наоми Осака, елиминирана од Австралија опен 2022

Анисимова го доби мечот против Осака со сетови 4:6, 6:3, 7:6 (10:5) во третото коло во женска конкуренција

Can Erözden  | 21.01.2022 - Обновена : 24.01.2022
Бранителката на титулата, Наоми Осака, елиминирана од Австралија опен 2022 Фото: Recep Şakar/АА

АНКАРА (АА) - Бранителката на титулата, Јапонката Наоми Осака, денеска беше елиминирана од Австралија опен 2022, откако изгуби од нејзината противничка, Американката Аманда Анисимова, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Анисимова го доби мечот против Осака со сетови 4:6, 6:3, 7:6 (10:5) во третото коло во женска конкуренција во Арената „Маргарет Корт“ во Мелбурн.

Мечот траеше 2 часа и 15 минути.

Рангирана на 13-тото место, Осака (24) е четирикратна освојувачка на Грен слем, вклучувајќи го и Австралија опен 2021 година.

Анисимова ќе има тешка задача во следната фаза, бидејќи 20-годишната тенисерка во четвртото коло ќе се соочи со светскиот рекет Ешли Барти од Австралија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.