Fatih Erel
12 Јули 2023•Ажурирај: 13 Јули 2023
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) – Поранешната најдобра тенисерка на светот, Наоми Осака, и нејзиниот партнер раперот Кордае станаа родители, пренесува Анадолу.
Организацијата ВТА соопшти дека 25-годишната Осака родила здраво девојче во Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави.
Четирикратната освојувачка на Грен слем турнирот, Осака, своевремено беше број еден на ВТА-листата, а последниот голем турнир го освои на Австралија опен во 2021 година.
Таа неодамна изјави дека сака да настапи на Олимпијадата во Париз следната година.