Emre Aşıkçı
07 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Претставувајќи го пред медиумите новото засилување, Арда Ѓулер, Реал Мадрид денес одржа официјална церемонија за добредојде на 18-годишниот турски фудбалер, јавува Анадолу.
На настанот, Ѓулер порача дека сака да стане легенда на Реал Мадрид. „Пред сè, благодарност до моето семејство и до Мадрид. Би сакал да бидам легенда на Реал Мадрид. Ви благодарам за сѐ.“
Претседателот на шпанскиот клуб, Флорентино Перез, во својот говор го пофали Ѓулер, велејќи дека вештината и карактерот на Ѓулер влијаеле на целиот свет.
„Заедно можеме да направиме историја“, додаде Перез.
„Туркије исто така е горда на тебе, Арда. Заедно ќе ја издигнеме твојата кариера. Навивачите ќе те поддржуваат на секаков можен начин на стадионот Барнабеу Заедно со твојот талент ќе додадеме сила на нашата сила. Ќе најдеме начин повторно да ја освоиме Лигата на шампиони“, рече тој.
Ѓулер во Реал Мадрид ќе го носи дресот со број 24.
Фенербахче на Турската платформа КАП објави дека Реал Мадрид ќе плати 20 милиони евра трансферен надоместок за Ѓулер.
„Покрај сумата за трансферот, максимален бонус од 10 милиони евра ќе му се исплати на Фенербахче од страна на Реал Мадрид, во зависност од перформансите на играчот“, додаде турскиот клуб.
Исто така, доколку Ѓулер се пресели од Реал Мадрид во друг тим, Фенербахче ќе добие 20 отсто удел од следната продажба.
Вчера, турскиот репрезентативец се прости од Фенербахче на Инстаграм: „Време е да се збогувам со Фенербахче, каде што ги имав најубавите денови во мојот живот.“
Ѓулер постигна шест гола и забележа седум асистенции минатата сезона во 35 натпревари за Фенербахче, кој беше втор во табелата во турската Супер лига.
18-годишниот фудбалер исто така му помогна на Фенербахче да го освои Купот на Туркије 2022/23.