Gorana Jakovljevic
07 Јули 2023•Ажурирај: 10 Јули 2023
ЕДРЕНЕ (АА) - Во Киркпинар, во турската област Едрене, денес започна 662. традиционално пеливанско борење, односно борење на борачи намачкани по телото со масло, јавува Анадолу.
На древниот фестивал во борење годинава учествуваат околу 2.140 натпреварувачи, а финалните борби што привлекуваат многубројни посетители ќе се одржат во недела, на последниот ден од натпреварувањето.

Борбите во Киркпинар се најмасовно натпреварување од ваков вид во Туркије, а постојат посебни ритуали по кои се разликуваат од борбите на други места.

Башпеливаните, односно победниците на натпреварот во Киркпинар, се исклучително ценети во Туркије. Оној што трипати по ред ќе ја освои титулата башпеливан станува постојан сопственик на златниот појас.
Фестивалот на борење во Киркпинар е еден од најстарите спортски настани во светот. Се одржува секоја година во турската област Едрене од 1362 година и се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско нематеријално културно наследство.