Esra Tekin
19 Декември 2025•Ажурирај: 20 Декември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Мал авион удри во хангар на аеродром во Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави (САД), откако осомничениот наводно провалил во објектот околу 4 часот наутро и го украл леталото, соопшти полицијата на аеродромот во Лос Анџелес, пренесува Анадолу.
Федералната управа за авијација соопшти дека едномоторниот авион „цесна Ц172“ удрил во хангар околу 5 часот наутро.
Надлежните го идентификуваа осомничениот Цеферарено Логан, 37-годишен, кој е приведен под сомнение за провала и кражба на авион.
Регионалната канцеларија на ФБИ во Лос Анџелес за „Фокс њуз диџитал“ потврди дека федералните агенти, исто така, реагирале на инцидентот.
„Логан нелегално влегол во приватен објект и на аеродромот за општа авијација Ван Најс, каде што пристапил до авион ‘цесна’, при што предизвикал оштетувања на околната инфраструктура“, соопшти полицијата на аеродромот во Лос Анџелес. Ван Најс е населба во Лос Анџелес.
„Полицијата на аеродромот веднаш реагираше и го приведе осомничениот“, се наведува во соопштението.
Снимки од местото на настанот покажуваат дека авионот „цесна Ц172“ направил голема дупка во хангарот. Според органите на редот, леталото никогаш не полетало.
По отстранувањето од местото на несреќата и преместување во објект, на снимките се гледа авион со оштетен пропелер.
Засега надлежните не соопштија дали се трага по други можни осомничени.