спорт, Коронавирус

Вакцината против Ковид-19 ги става елитните спортисти во безизлезна ситуација

- Тенисерот Новак Ѓоковиќ, реагирајќи на критиките упатени до него, рече дека „луѓето одат предалеку во остварувањето на својата слобода да поставуваат прашања и да судат некого“.

Yunus Kaymaz  | 20.10.2021 - Обновена : 21.10.2021
Вакцината против Ковид-19 ги става елитните спортисти во безизлезна ситуација

ИСТАНБУЛ

Некои светски познати елитни спортисти го продолжуваат својот став да не се вакцинираат или пак, да не откриваат дали се или не се вакцинирани, ризикувајќи тоа многу да влијае на нивната кариера, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Откако организаторите на „Австралија опен“, еден од четирите грен-слем турнири во тенис, соопштија дека невакцинираните спортисти нема да можат да се натпреваруваат, сите погледи беа свртени кон Новак Ѓоковиќ, број 1 во АТП-листата.

Во изјава за весникот „Блиц“, 34-годишниот српски рекет рече дека сѐ уште не донел одлука дали ќе учествува на „Австралија опен“, кој ќе започне во јануари.

Наведувајќи дека се чувствува непријатно кога го прашуваат дали е вакциниран, Ѓоковиќ рече дека тоа е приватна работа и сигнализира дека е можно да ја пропушти шансата да ги остави зад себе своите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, со кои го дели врвот во светскиот тенис со по освоени 20 грен-слем шампионати на тениските турнири, поради неопходноста од вакцинација.

Во кариерата на Ѓоковиќ, „Австралија опен“ има посебно место. Српскиот спортист скоро половина (9 пати) од своите 20 грен-слем титули ги освои во Мелбурн.

Ѓоковиќ, реагирајќи на критиките упатени до него, рече дека „луѓето одат предалеку во остварувањето на својата слобода да поставуваат прашања и да судат некого“.


- Се зарази со коронавирусот на турнирот што го организира сам

Новак Ѓоковиќ беше цел на критики со тенискиот турнир што го организира во периодот кога коронавирусот го погоди светот и земјите мораа да ги затворат своите граници.

Четири балкански земји беа домаќини на турнирот „Адриа“, чиј директор беше неговиот брат.

Покрај Ѓоковиќ, неговата сопруга и тенисерите Григор Димитров, Борна Џориќ и Виктор Троицки, кои учествуваа на турнирот, соопштија дека се заразиле со коронавирусот.


- НБА-екипата Бруклин Нетс отпушти еден играч

Во Американската кошаркарска лига (НБА), каде стапката на вакцинација надминува 90 проценти, одвреме-навреме се појавуваат кошаркарски ѕвезди кои не сакаат да се вакцинираат.

Последниот пример за тоа се случи во Бруклин Нетс, кои се меѓу најголемите претенденти за шампионската титула со своите кошаркарски ѕвезди како што се Кевин Дјурант, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг.

Нетс соопшти дека ол-стар играчот Кајри Ирвинг нема да може да учествува на тренинзи и да игра со тимот додека не се вакцинира. Ирвинг, исто така, нема да ја добие и платата за натпревари кои ќе се играат на домашен терен.

Ендрју Вигинс, кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, кој побара ослободување од вакцина поради неговите верски убедувања, направи чекор назад. Вориорс информираше дека 26-годишниот играч е вакциниран.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.