Cuneyt Davut
17 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) - Во импровизираниот бегалски камп во Идомени вакцинирани се 15 бегалци, против вирусот Хепатит А, од кои 12 се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Професорот Циодрас Сотириас, од екипата на доктори и медицински сестри кои ги вакцинираа бегалците во разговор за АА рече дека во кампот за бегалци вакцинираа 15 луѓе за кои претходно лабораториски било утврдено дека имаат симптоми на вирусот Хепатит А.
Кажувајќи дека вирусот Хепатит А генерално се појавува кај децата од 1-15 години и дека од 15 вакцинирани бегалци денес, 12 се деца, Сотириас рече дека вакцинирањето се прави како превентивна мерка од вируси и други заразни болести.
„Вакцинирањата кои ги направивме денес, направени се како превентивна мерка бидејќи вирусот хепатит А има долг инкубаторски период и затоа сега за сега, ги вакциниравме бегалците кај кои најдовме симптоми вирусот”, рече професорот Сотириас.
Потврдувајќи дека во случај на ширење на вирусот секако дека ќе ги вакцинираат сите бегалци кај кои ќе најдат симптоми или појава на вирусот Хепатит А, Сотириас додаде дека на отворен простор вирусот се шири побрзо а кога ќе се пренесат бегалците во затворени простории ќе ги вакцинираат сите.
„Засега, не забележавме никаков друг вирус или заразна болест, но ние продолжуваме со нашиот надзор и специјално ја следиме ситуацијата на болните бегалци” рече тој додавајќи дека ваквите заразни болести и вируси генерално се предизвикуваат од лошите животни услови, ладно време и нехигиена.
Од друга страна, различни невладини организации кои пружаат здравствени услуги со нивните возила се дојдени во кампот и им даваат лекови и други здравствени услуги на бегалците.
Во импровизираниот бегалски камп во Идомени има околу 15 илјади бегалци до денес, имаа можност да добиваат здравствени услуги од само три шатори на медицинските екипи во рамките на кампот, додека, од денес, имаат можност да добиваат здравствени услуги и од мобилните медицински екипи.
Со денови наназад во кампот можат да се забележат редици од бегалци кои чекаат да им се пружи медицински третман, а одговорните на овие медицински екипи велат дека повеќето од болните бегалци се деца и жени.