Qays Abu Samra,Zeynep Hilal Karyağdı
19 Март 2016•Ажурирај: 20 Март 2016
РАМАЛАХ (АА) - Февзи ел-Мула (77), од градот Ел-Бире на Западниот Брег, кој уште од млади години го владее столарството како занает, а веќе цели 50 години ја активно се занимава со него, произведувајќи билјард маси, јавува Anadolu Agency (AA).
Мула оваа професија ја научил кога имал 13 години. И покрај староста, тој 50 години продолжува со изработката на билјард маси.
Мула, кој освен во столарството е и „мајстор” и во играње билјард, во својата околина е познат како „професор по билјард”.
Во разговорот со новинарот од АА тој нагласи дека претходно изработувал различни маси, но подоцна се ограничил само на билјард маси бидејќи го сакал билјардот.

- „Изработката на билјард масите, стана важен дел од мојот живот”
Мајстрот во своите 77 години во столарскиот занает се служи со едноставни и стари алатки во својата скромна работилница.
„Изработката на билјард масите стана важен дел од мојот живот, стана дел од мене. Во околината ме знаат по ова. Мојата работа не ја гледам само како начин за преживување, туку и како хоби и уметност”, вели тој.
Според него, во Западниот Брег има многу малку места кои произведуваат билјард маси. Тој вели дека без оглед на староста не ја остава својата работа.

„Масите треба да се регулираат според многу конкретни и прецизни пресметки. Една многу мала грешка, може да доведе масата да биде непропорционална. Во овој случај, масата не може да се укористи за игра. Како материјал се користи буково дрво, поради неговиот висок квалитет. Изработката на една маса трае 2 недели. Увезените билјард маси се со низок квалитет, додека овие маси имаат животен век од 30 години”, вели столарот Мула зборувајќи за вештините за производство на билјард маси.
Тој открива дека цената на една билјард маса, заедно со други парчиња чини околу 2 илјади долари. Сепак, како што истакна, поради забраната за извоз од страна на Израел, тој може да продава само во Западниот Брег.
Мајсторот за билјард маси Мула, рече дека до неговата работилница има и една продавница каде што за љубителите на билјард, продава материјали за игри и дека тоа што го изработува го продава таму.