Besar Ademi
01 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ГЕВГЕЛИЈА/ИДОМЕНИ (АА) - Македонија продолжува да го ограничува бројот на бегалците кои ја користат нејзината територија за да стигнат до земјите на Западна Европа, додека грчката страна, во граничниот премин Идомени моментално останаа околу 9 илјади бегалци во тешки услови за престојување, меѓу кои има дури и оние со десетици дена чекаат за да поминат во територијата на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашниот инцидент, кога македонската полиција употреби солзавец за да ги спречи бегалците кои се обидоа да влезат во земјата, продолжува да расте бројот на безбедносните сили, додека на грчката страна неколку групи на бегалци веќе почнаа да го напуштат кампот за бегалци во Идомени кон ново изградените кампови кои се наоѓаат во близина, поради непристојните услови за живеење.
"Ние сме тука од вчера и сакаме да ја преминеме границата, бидејќи во Грција сме веќе повеќе од една недела. Шокирани сме од условите во кампот. Нема основни услови за живот, немаме места за спиење. Условите се многу лоши, постојат луѓе кои чекаат повеќе од десет дена за да ја помиуваат границата. Решивме да се вратиме во друг камп и ќе останеме таму се додека не се отвори границата ", рече Иса од Сирија.
Бегалскиот камп во Идомени е преполн, а новите автобуси со бегалците пристигнуваат цело време. Грчката полиција се обидува да ги отстрани бегалците што подалеку од граничниот премин, за да не ескалира ситуацијата на самата македонско-грчка гранична линија, кај оградата на македонската страна. Веднаш на македонската страна од грчко-македонскиот граничен премин се наоѓаат 40 Пакистанци и Авганистанци кои се вратиле од Табановце, поради немање на потребните документи, а надвор од кампот за прием на бегалци во Гевгелија, исто така, се наоѓаат околу 120 бегалци од Ирак кои се вратени од Табановце, бидејќи во Србија поминале низ Бугарија.
"Ова е четвртиот ден што чекаат, а ние постојано сме во преговори со полицијата за да се најде решение. Тие се вратени од Табановце, бидејќи ја преминале границата од Бугарија во Србија. Сите бегалци се од Ирак. Очекуваме решение за нив ", вели Хајдар Фахад претставник на УНХЦР во јужната граница на Македонија.
Вчера наутро беше последниот воз кој ги транспортираше бегалците од јужната граница кон Табановце, и само 495 бегалци, додека во моментов во прифатниот центар за бегалци во Гевгелија се наоѓаат околу 30 бегалци.