Besar Ademi
02 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) – На територијата на Грција има околу 25 илјади бегалци, само во прифатниот центар за бегалци во Идомени во моментов има околу 9 илјади бегалци, меѓу кои има бегалци кои со недели чекаат да го продолжат патувањето кон земјите од западна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарните организации кои дејствуваат во Идомени веќе не се во состојба да ги обезбедат дури и најосновните потреби на бегалците, вклучувајќи ја и храната, поради тоа што прифатниот бегалци центар е преплавен со бегалци кои веќе подолго се залавени на "ничија земја" , што се должи на рестриктивните мерки за контрола кои ги спроведуваат земјите долж "Балканската рута".
На влезот на прифатниот центар за бегалци, направена е импровизирана продавница за брза храна, каде што на ред чекаат многу бегалци. Тие се револтирани поради, како што велат превисоките цени, но сепак продолжуваат да купуваат храна од оваа продавница, бидејќи за да ја добијат храната од хуманитарните организации треба да чекаат со часови во ред.
"Ние сме тука за шест дена, а за да јадам два пати на ден потребни ми се најмалку 10 евра. Хуманитарни организации се обидуваат да ни помогнат, но во овој камп има околу 10 илјади луѓе. Чекањето во ред трае околу пет часа за да се добие храна. Во оваа продавница цените се високи за бегалците, но ние немаме друг избор, бидејќи мораме да се храниме ", вели Aрделани од Ирак.
Во оваа импровизирана продавница чајот чини 1 евро, кафето 2 евра, помфрит со векна леб чини 5 евра. Инаку, вчера неколку групи на бегалци одлучија да го напуштат кампот за бегалци во Идомени поради нехуманите услови за престојвуање.
Некои сириски семејства беа сместени во новоизградениот камп, кој се наоѓа околу 25 километри од македонско-грчката граница, каде што рекоа дека ќе останат додека не се отвори границата.