Doğa Kırmızıoğlu
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
АНКАРА
Полјачката Ига Швјонтек и Американката Даниел Колинс се пласираа во полуфиналето на Австралија опен, првиот грен слем тениски турнир во сезоната, известува Агенција Анадолија (АА).
Во претпладневната сесија на 10-от ден од тенискиот грен слем турнир што се одржува во Мелбурн, се одиграа два четвртфинални натпревари во женска поединечна конкуренција.
Шампионката на Отвореното првенство на Франција во 2020 година, седмата носителка на Австралија опен, Ига Швјонтек, ја совлада Естонката Каја Канепи со резултат 2:1 (по сетови 4-6, 7-6 и 6-3) во натпревар кој траеше три часа и една минута, и избори пласман во полуфиналето.
Американката Даниел Колинс, 27-та носителка на турнирот, ја победи 61-та тенисерка на светската ВТА-листа, Французинката Ализе Корне, со резултат 2:0 (по сетови 7-5 и 6-1).
Колинс, која по вторпат по 2019 година го помина четвртфиналето на Австралија опен, во полуфиналето ќе игра против Швјонтек.