Yunus Kaymaz
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Тенисерката Каролина Возњацки успеа да се пласира во полуфиналето на првиот овогодишен гренд-слем турнир Австралија опен (Australian Open), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн се сретнаа данската тенисерка Каролина Возњацки и Карла Суарез Наваро од Шпанија.
Возњацки, успеа да ја совлада својата противничка средбата која траеше повеќе од два часа со резултат 2:1 (6:0, 6:7 и 6:2) и по вторпат се пласираше во полуфиналето на овој турнир по 2011 година.
Во полуфиналето Возњацки за противник ќе ја има Елиза Мартенс.
- Распоред на 10. ден од турнирот -
Утре, на програмата на турнирот се четвртфиналните натпревари во поединечна машка и женска конкуренција. Во машка конкуренција ќе играат Швајцарецот Роџер Федерер против Томаш Бердих од Чешка и Јужнокореецот Чунг Хјон против Американецот Тенис Сандгрен.
Во женска конкуренција, Романката Симона Халеп ќе игра против Каролина Плискова од Чешка, а Германката Анџелик Кербер против Медисон Киз од САД. Победничките ќе обезбедат пласман во полуфиналето.