Elvir Hociç
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
МЕЛБУРН (АА) - Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја освои 11-та Гренд слем титула во кариерата, откако денеска во завршниот меч на „Австралија Опен” славеше над стариот ривал Енди Мареј, јавува Anadolu Agency (AA).
Српскиот ас победи со 3:0 во сетови (6:1, 7:5, 7:6 (7-3)) за нешто помалку од три часа игра. Новак повторно одигра на високо ниво, неговиот противник не најде формула да го запре, па првиот носител заслужено се радуваше на шестиот трофеј во Мелбурн со што се израмни со Рој Емерсон.
Ова за тенисерот од Белград беше 11-та победа на последните 12 пресметки со Мареј кој пак стана прв играч во историјата кој по петти пат загуби во финалето на еден ист голем турнир. Четири пати „виновен“ за неговиот неуспех беше Ѓоковиќ, а во 2010 година на патот му се испречи Рожер Федерер.
Тоа беше дуелот на најдобрите и најлошите финалисти во историјата на „Австралија опен”. Ѓоковиќ ја освои титулата на шампион во сите шест финалиња кои ги одигра во Мелбурн, со што го стигна шесткратниот шампион на турнирот во Мелбурн, Рој Емерсон.
Од друга страна, Мареј забележа порази во сите пет натпревари во финалето на тој турнир, на кои четирипати беше го поразен од страна на Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ претходно во Австралија победуваше во 2008, 2011, 2012, 2013 и 2015 година.
Српскиот тенисер за противник ќе има играч кој ја гони третата Гренд слем титула во деветтото финале.