Dejan Maksimoviç
30 Јануари 2016•Ажурирај: 30 Јануари 2016
САРАЕВО (AA) – Германката Ангеликеа Кербер, сензационалната победничка на Аустралиан Опен, на првиот Гранд Слем турнир оваа сезона од понеделник би требала да стане втор рекет на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Кербер во денешното финале на Аустралиан Опен ја победи досега најдобрата светска тенисерка, американката Серена Вилиамс со 2:1 и најверојатно на новата WTA листа ќе скокне од шесто на второ место.
Иако најновата листа официјално ќе биде објавена во понеделник, проектираното рангиране наговестува дека Вилиамс ќе биде на првото, Кербер на второто, а дека Симона Халеп која испадна во првото коло во Мелбурн, ќе падне за една позиција и ќе биде трета светска тенисерка.
Во топ десет ќе бидат со следниот редослед: Агниеска Радванска, Гарбине Мугуруза, Мариа Шарапова, Флавиа Пенета, Карла Суарез Наваро, Петра Квитова и Луција Сафарова.