Adis Karaca
09 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
АНТАЛИЈА (AA) - Фудбалерите на ФК Сараево, актуелниот првак на Босна и Херцеговина, утрово тренираа со помал интензитет по синоќешниот тест-натпревар против второпласираната екипа во словенското првенство, Марибор, во која се поразени со резултат 3:1, притоа прикажувајќи солидна игра, посебно во првите 45 минути од натпреварот, јавува Anadolu Agency (AA).
Тренингот започна со кратка анализа на средбата со Марибор во текот на кој шефот на стручниот штаб Миодраг Јешиќ им укажа на играчите на добрите и лошите страни на синоќешниот натпревар. Играчите по тоа имаа пократок тренинг на кој работеа на опоравување од натпреварот кој на моменти беше натпревар од натреварувачки карактер со многу борбеност.
Во второ полувреме на терерот истрча и македонскиот репрезентативец Крсте Велковски, кој е задоволе со досегашниот тек на подготовките и условите во Анталија.
Велкоски исто така е задоволен и со натпреварот со Марибор во Белек во која тој одигра 45 минути.
"Направивме некои грешки кои екипата против Марибор знаеше да ги искористи. Ова се подготвителни натпревари, резултатот е помалку важен, а се надевам дека во првенството ќе има помалку грешки и дека ќе има победи" , рече Велкоски.
Додаде да знат какви грешки направиле на натпреварот и верува дека ќе ги поправат во продолжение на подготовките.
Македонскиот репрезентативец беше на излезните врати на бордо тимот, но сепак остана на подготовките на Сараево за продолжување на сезоната во која ја бранат титулата.
"Бев спремен за заминување, тоа беше готово, но на крај не се заврши така. Мојата желба беше да што подолго останам во Сараево и се оствари, ќе видиме што ќе се случува понатаму", рече Велкоски.