Dejan Maksimoviç
09 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
СКОПЈЕ (AA) – Ракометниот клуб Вардар од Скопје продолжува со своите бомбастични трансфери.Откако рускиот богаташ Сергеј Самсоненко на почетокот на 2014 година го купи клубот, "црвено-црниот" дрес го облекоа ракометните асови како што се Арпад Штербик, Алекс Душебаев, Јорге Македа, Тимур Дибиров, Сергеј Горбок ...Најновото засилување на скопскиот тим, од денес е уште еден шпански репрезентативец Јоан Канелас, јавува Anadolu Agency (AA).
Канелас во Вардар доаѓа од еден најсилните европски клубови, германскиот Киел, што до пред неколку години беше вест рамна на научната фантастика. Но, очигледно Самсоненко ги помести критериумите во европскиот ракомет. Искусниот шпански бег потпиша тиргодишен доовор со шампионот на Македонија, потврдено е на официјалната интернет страница на ракометниот клуб Вардар. Така шпанската колонија во Скопје стана побогата за уште еден член. Освен петте играчи, во Вардар е и шпанскиот тренер Раул Гонзалез.
Според неофицијалните информации, наредното големо засилување на Вардар би можел да биде хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ. Освен него, би требало да дојде и младиот Црногорец Вуко Борозан и Словенецот Блаж Благотиншек. Клубот оваа зима го напушти Хрватот Блаженко Лацковиќ кој отиде во германскиот Киел.
Во својата сјајна кариера Канелас играше во Гронолерс, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид,ХСВ и Киел. Со репрезентацијата на Шпанија беше светски шампион 2013 година. Покрај тоа има и светска бронза, како и сребро и бронза од европските првенства. На ЕУРО 2014 во Данска со 50 гола беше најдобриот стрелец на натпреварувањето.