Elif Nur Çolak
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Судијата Лука Банти од Италијанската фудбалска федерација ќе суди во дуелот меѓу македонскиот прволигаш Вардар и турскиот клуб Фенербахче во плејоф-натпреварот од Европската лига на УЕФА, кој ќе се одигра на 17 август во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на УЕФА, Банти ќе суди во мечот што на 17 август, со почеток во 20.00 часот ќе се одигра во Арената „Филип Втори“ во Скопје.
Помошни судии ќе бидат Италијанците Матео Пасери и Фабијано Прети, додека Марко Гвида ќе биде четврти судија.