Ekipa
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, казнет е со забрана за играње на пет натпревари откако го турна судијата во синоќешниот натпревар против Барселона, во Супер Купот на Шпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случи кога судијата Рикардо де Бургос на Португалецот му го покажа вториот жолт картон, односно црвен картон.
Роналдо само за неколку минути доби два жолти картона, првиот поради соблекувањето на дресот по постигнатиот гол, а потоа поради симулирање за пенал.
Забраната која ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Шпанија се однесува на реванш дуелот во Супер Купот, а четири се префрлат на натпреварите во првенството, против Депортиво, Валенсија, Леванте и Реал Сосиедад.
Во првиот натпревар на шпанскиот Супер Куп, Реал на Камп Ноу победи со резултат 3:1 и стекна предност пред реваншот на Бернабеу кој е на програмата во среда.