Serhat Bağbars
28 Јули 2017•Ажурирај: 29 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Португалскиот репрезентативец и фудбалер на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, испрати порака за поддршка на децата кои страдаат од последиците на војната во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија со ознака на организацијата „Спасете ги децата“, и напиша: „За пет години можеби се променија многу работи, но за децата-бегалци не се промени ништо. Затоа не заборавајте ги“.
Ова не е првпат португалската ѕвезда да апелира за поддршка на децата-бегалци.
Кристијано Роналдо претходно испраќаше помош на сириските деца во храна, облека и медицински помагала.