Dzihat Aliju
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Флорент Османи, 29. годишен фудбалер од Скопје поради „крстот" на клубот „ФК Скопје" од Прва Лига на Македонија, одлучи да го напушти клубот, за кој потпиша на почетокот на овој месец, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалер од Скопје, во својата изјава за АА рече дека пред околу 20 дена претседателот на клубот побарал средба со него и на средбата се договориле за неговиот трансфер во клубот.
Османи изјави дека е верник и поради својата вера и верските обреди тој секогаш го покривал крстот од амблемот на клубот.
„Тие го знаеа ова, бидејќи не е прв пат. Но, не знам, од моментот кога почнаа тренинзите почнаа да ме гледаат со поинакви очи, не знам од кои причини", рече фудбалерот.
Тој истакна дека и покрај тоа што во клубот направи трансфер како главно засилување секогаш бил игнориран на тренинзите, пред три дена оствари средба со раководството на клубот.
„Тие ми рекоа дека амблемот не треба да биде покриен, ми кажаа дека доколку сакам да играм во клубот амблемот мора да остане како што е. Јас им ги кажав моите причини, им реков дека сум верник и мојата религија не ми дозволува да го носам крстот. Ако е потребно ќе го напуштам клубот, но дресот нема да го носам така", рече Флорент Османи.
29-годишниот напаѓач, потсетувајќи дека и во периодот меѓу 2008 и 2010 година играл за ФК Скопје, рече: „На почетокот, во првите две години, јас не го покривав (амблемот) бидејќи не бев многу добар практикувач на религијата, но во последната година јас го покривав и немаше проблеми."
Османи претходно играше за ФК Лириа во косовски Призрен, ФК Шкупи и 12 Бинѓолспор од Турција.