Serhat Bağbars
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Германскиот возач на Формула 1, Себастијан Фетел, кој настапува за тимот на Ферари утре ќе стартува од првата полпозиција на 11. трка сезонава, која ќе се вози во Унгарија, јавува Anadolu Agency (AA).
На патеката на Хунгароринг во унгарскиот главен град Будимпешта, денеска се возеа трките за полпозиции. На патеката долга 4.381 метар, Фетел постигна најдобро време.
Германецот најбрзиот круг го извозе за време од 1 минута, 16 секунди и 276 илјадити делови од секундата. Како втор на Хунгароринг ќе стартува финецот Кими Раиконен, исто така член на тимот на Ферари, кој постигна време од 1.16,444.
Третата полпозиција ја има Валтери Ботас од тимот на Мерцедес, кој својот најбрз круг го извозе за време од 1.16,530.
Официјалниот поредок и полпозициите на првите десетмина возачи на Формула 1 на утрешната трка за Големата награда на Унгарија е:
1. Себастијан Фетел (Ferrari) 1.16.276
2. Кими Раиконен (Ferrari) 1.16.444
3. Валтери Ботас (Mercedes) 1.16.530
4. Луис Хамилтон (Mercedes) 1.16.707
5. Макс Ферштапен (Red Bull-TAG Heuer) 1.16.797
6. Даниел Рикардо (Red Bull-TAG Heuer) 1.16.818
7. Николас Хилкенберг (Renault) 1.17.468
8. Фернандо Алонсо (McLaren-Honda) 1.17.549
9. Штофел Вандорн (McLaren-Honda) 1.17.894
10. Карлос Саинс џуниот (Toro Rosso) 1.18.912