Mehmet Yılmaz
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
БУДИМПЕШТ (АА) - Парламентот на Унгарија на денешната седница го усвои предлогот на владата за распишување на референдумот на кој граѓаните ќе се изјаснат за задолжителното воведување на квоти за прифаќање на бегалци во земјите на ЕУ кои неодамна ги предложи Европската комисија, јавува Anadolu Agency (AA).
Предлогот за распишување на референдумот е изласан со 136 гласови за и пет гласа против, а подржан е од страна на застапниците на опозициската партија 'Jobbik.'
Се очекува референдумот да биде распишан есента што следи, а унгарските гласачи ќе одговараат на референдумското прашање „Дали сакате ЕУ без согласност на унгарскиот парламент да одлучува за згрижување на неунгарските државјани во Унгарија?".
Европската унија планира да ги воведе задолжителните квоти за распределба на 160.000 бегалци во земјите на Унијата, а Унгарија со оглед на бројот на жителите и бруто националните приходи би требало да прими 1.290 бегалци.
Владата на Унгарија остро се противи на бегалската политика на официјалниот Брисел и на 24 февруари најави движење на иницијативата за распишување на референдум за предлогот на Унијата.
Европската комисија на 4 мај на Европскиот парламент и Европскиот совет упати предлог за измена на Даблинскиот договот кој ги регулира прашањата на миграции во земјите на ЕУ.
Предлогот се огледува во дефинирање на задолжителните квоти за секоја членка за прием на бројот на мигранти, а која би била утврдена на основа на бројот на жители и бруто националниот приход на членки.
Се предвидува исто така и казна за секоја земја која ќе одбие да ги прифати барањата на азилантите и тоа во износ од 250.000 евра за секое одбиено барање на азилантите.
Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Петер Зијарто ја оцени препораката за уценувачка и порача тој предлог да неможе да биде реализиран.
„Ункарската влада никој не може да ја уценува. Одлуката за тоа кого ќе ја примиме во земјата никогаш не треба да ја донесува Брисел, туку Унгарците", порача Зијарто.