Bakir Tiro
25 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
МАДРИД (АА) - Португалецот Кристијано Роналдо (32) ги негираше шпекулациите дека би можел да го напушти Реал Мадрид и истакна дека во наредниот период сака да освојува трофеи со најголемата екипа во Лигата на шампионите на УЕФА, јавува Anadolu Agency (AA).
„Прекрасно беше да се освојуваат трофеи минатата сезона, но исто така и индивидуални награди. Сепак, мора да се работи напорно, од година во година. Така и ќе продолжам. Фудбалот е мојот живот. Фудбалот е мојата страст“, изјави Роналдо за шпанскиот весник „Marca“ (Марка).
Роналдо минатата сезона со Реал Мадрид, за кој е го врзува договор до 2021 година, ја освои Лигата на шампионите и стана шампион на Шпанија.