Bakir Tiro
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Мишел Платини, казнетиот претседател на Европската фудбалска асоцијација (UEFA), на вчерашното сослушување пред комисијата на Светската фудбалска федерација (FIFA) истакна дека осумгодишната забрана за работа во фудбалот која му е изречена е „неправедна казна”, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Не се борам за својата иднина, туку против неправдата. Да сум виновен, сега би бил во Сибир и од срам би се сокрил од сите. Ќе видиме на крај што ќе биде со овој случај, можеби сè уште не е сè завршено”, истакна Платини, уште еднаш демантирајќи го учеството во нечесните дејанија, односно сметајќи дека легално заработил два милиони швајцарски франци за советодавни услуги на бившиот претседател на ФИФА, Џозеф Сеп Блатер, кои на негова сметка биле уплатени во 2011 година.
Платини во жалбата на одлуката ги исцрпи сите правни можности, а се жалеше и на Меѓународниот спортски суд во Лозана. Епилогот на расплетот во „случајот Платини” би можел да биде познат во следните денови.