Ahmet Gürhan Kartal
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) - Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, денеска е приведен од француските власти во рамки на истрагата за доделувањето на Светското првенство за 2022 година, објавија локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според француската интернет-страница „Медијапарт“ (Mediapart), Платини бил притворен и однесен во просториите на Одделот за антикорупција на Судската полиција (OCLCIFF).
Платини, кој е француска фудбалска легенда, беше претседател на УЕФА откако беше избран во 2007 година, па сѐ до 2015 година, но не беше исклучен од Етичкиот комитет на ФИФА во врска со истрагата за корупција која се спроведуваше за доделувањето на Светското првенство за 2022 година.
Во декември 2010 година беше објавено дека Катар ќе биде домаќин на најголемиот фудбалски настан во 2022 година.