Bakir Tiro
14 Февруари 2024•Ажурирај: 15 Февруари 2024
АНКАРА (АА)
Синоќа се одиграа првите осминафинални натпревари од УЕФА Лигата на шампиони, најпрестижното фудбалско натпреварување во Европа, пренесува Анадолу.
Во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите, синоќа силите ги одмерија РБ Лајпциг - Реал Мадрид и Копенхаген - Манчестер Сити.
Реал Мадрид во исклучително интересен натпревар славеше на гостувањето во Германија со резултат 0:1. Победничкиот гол го постигна Брахим Дијаз во 48. минута од средбата.
На вториот натпревар што се играше синоќа, Копенхаген на домашен терен загуби од Манчестер Сити со 1:3. Гостите поведоа со голот на Кевин Де Брујне во 10. минута. Сепак, во 34. минута Данците се вратија во игра со погодокот на Магнус Матсон за 1:1. Кога сите помислуваа дека со тој резултат ќе се оди на полувреме, Бернардо Силва се погрижи за повторно водство на Сити од 1:2 со голот постигнат во 45. минута. Актуелниот шампион на Европа го потврди својот триумф на овој натпревар и победа од 1:3 со голот на Фил Фоден во 90+2. минута.
Денес на програмата се натпреварите:
21:00 Лацио - Баерн
21:00 ПСЖ - Реал Сосиедад.
Идната недела на 20.02.2024 (вторник) се среќаваат:
21:00 Интер - Атлетико Мадрид
21:00 ПСВ - Борусија Дортмунд
На 21.02.2024 (среда) закажани се средбите:
21:00 Порто - Арсенал
21:00 Наполи - Барселона.