спорт

Во светот на фудбалот официјално започна летниот трансферен рок

Согласно правилата на Светската фудбалска организација (ФИФА), трансферниот период ќе трае до 2 септември, кога ќе бидат познати конечните состави на клубовите кои низ светот ќе се борат за трофеи

Ercan Çakar  | 17.06.2019 - Обновена : 18.06.2019
Во светот на фудбалот официјално започна летниот трансферен рок

ИСТАНБУЛ (АА) - Во светот на фудбалот денес и официјално започна периодот за трансфер и регистрација на играчите, тренерите и останатиот персонал, јавува Anadolu Agency (AA).

Согласно правилата на Светската фудбалска организација (ФИФА), трансферниот период ќе трае до 2 септември, кога ќе бидат познати конечните состави на клубовите кои низ светот ќе се борат за трофеи.

Клубовите ќе можат да носат играчи и стручен персонал и во зимскиот преоден рок, кој ќе трае од 4 до 31 јануари следната година.

Меѓу великаните на европскиот фудбал најактивна ова лето е управата на шпанскиот Реал Мадрид, која веќе издвои стотина милиони евра за големи зајакнувања.

Клубот од „Сантијаго Барнабеу“ го потврди доаѓањето на Ферлан Менди, левиот бек за кој на Лион му издвоија 50 милиони евра. Тоа е веќе петто зајакнување бидејќи пред Менди за Реал потпишаа Родриго (54 милиони), Едер Милитао (50 милиони), Лука Јовиќ (665 милиони) и Еден Азар (100 милиони).

Шпанските медиуми тврдат дека Реал нема да запре со зајакнувањата и дека сега се обидува да ги донесе француските ѕвезди Килијан Мбапе и Пол Погба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın