Hüseyin Burak Demirer
16 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Марк Маркез од тимот на Репсол Хонда е победник на трката за Големата награда на Каталонија, седмата трка на Мото ГП светскиот шампионат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седмата трка на Мото ГП се возеше на пистата во градот Барселона, Каталонија, која е долга 4,6 километри, во 24 круга.
До завршната линија прв стигна Марк Маркез од тимот на Репсол Хонда, со што ја освои неговата 48. победа во кариерата.
По Маркез следуваа Фабио Квартараро од тимот Петронас Јамаха и Данило Петручи од тимот на Дукати.
Маркез, кој е шампион во последните три години, сега има 140 бода, и се наоѓа на лидерската позиција.
Осмата трка сезонава, Големата награда на Холандија, ќе се вози на 30 јуни.
- Пласман на пилотите:
1. Марк Маркез (Шпанија): 140 бода
2. Андреа Довициозо (Италија): 103 бода
3. Алекс Ринс (Шпанија): 101 бода
4. Данило Петручи (Италија): 98 бода
5. Валентино Роси (Италија): 72 бода