Ekip
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
МАДРИД (АА) - Шпанскиот премиер Маријано Рахој ги повика граѓаните на Каталонија да се воздржат од учеството на планираниот референдум за независност на регионот, за кој се вели дека не е уставен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Коалицијата за независност која е на власт во Каталонија изјави дека гласањето на 1 октомври ќе биде одржано, и покрај одлуката на Уставниот суд на Шпанија со којашто се суспендира референдумот додека судиите не донесат одлука за неговата законитост.
Шпанскиот премиер се бори да го спречи гласањето и апелира до Каталонците да ги игнорираат повиците на поддржувачите на независноста на регионот да излезат на референдум.
„Ако некој ве повика да излезете на гласачкото место, не одете, бидејќи референдумот не може да се одржи и тоа би било апсолутно незаконски акт“, изјави денес Рахој.