İzzet Mazi
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
КИЛИС (АА) - До денес, во Турција се вратија 15.000 Сиријци кои сакаа муслиманскиот празник Курбан Бајрам да го поминат со семејствата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Многумина од нив бајрамските празници ги поминаа на периферијата на Алепо, територија којашто со помош на Вооружените сили на Турција (ТСК) е ослободена од терористичките организации.
Надлежните на граничниот премин „Онџупинар“ изјавија дека од 5 септември, 15.000 Сиријци се вратиле во Турција, а се очекува денес уште две илјади лица да влезат во земјата.
Сиријката Селиха Мухамед за АА изјави дека е многу среќна што можела да го посети селото кое поради војната го напуштила пред четири години.
Благодарение на оваа можност, успеала да го помине празникот Бајрам со децата, родителите, но и со другите роднини.
Мумин Муамед изјави дека благодарение на тоа што подрачјата на коишто живееле се ослободени од терористичката организација ДЕАШ, успеале два Бајрами да поминат со семејството.
Бегалците кои за празниците отидоа во Сирија, во Турција ќе се враќаат до 15 октомври.