Ömer Aydın
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
СТРАЗБУР (АП) - Европскиот парламент (ЕП) ќе обезбеди 1,2 милијарди евра помош за Италија, која во последниов период беше погодена од низа земјотреси, јавува Anadolu Agency (AA).
На Генералното собрание на ЕП во Стразбур, Фондот за солидарност на ЕУ ја одобри помошта за Владата на Италија во износ од 1,2 милијарди евра.
Целта е овие средства да се искористат за да се поправи штетата предизвикана од низата земјотреси оваа и минатата година во централна Италија.
Наведено е дека во италијанските региони Абруцо, Лацио, Марке и Умбрија, во периодот од август 2016 година до јануари 2017 година, се случија неколку земјотреси во кои загинаа 333 луѓе, а над 300.000 ги напуштија своите домови.