Gorana Jakovljevica
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
БАЊА ЛУКА (АА) - Небојша Стефановиќ, српскиот министер за внатрешни работи денес изјави дека министерството за внатрешни работи на Србија е подготвено да "обезбеди помош на покраинската полициja на Косово и Метохија за таму да сторат сè што е потребно за постигнување апсолутна безбедност во целата земја", јавува Anadolu Agency (AA).
Стефановиќ е во Бања Лука, каде што присуствуваше на одбележувањето на Денот на полицијата, а на прашањето од новинарите дали стравува од нови инциденти во северниот дел на Косово на територијата каде што живеат Срби, изјави дека се надева "дека тоа веќе нема да се случи".
"Секогаш треба да бидете загрижени кога постои ваков вид на ситуација која е кризна, но ние се трудиме како Република Србија да придонесеме за апсолутна стабилност на целата територија, иако е реално дека ние на Косово и Метохија немаме целосна оперативна можност за делување", рече Стефановиќ.