Ferhat Demircan
04 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот Ахмет Давутоглу имаше телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (АА).
Од владини извори се дознава дека синоќа Меркел телефонски го побарала премиерот Давутоглу.
За време на разговорот се разговарало за борбата против нелегалната миграција и соработката меѓу Турција и ЕУ за спроведување на договорот постигнат во Брисел на 18-ти март 2016 година. Премиерот Давутоглу истакна дека овој договор може да се спроведе само ако договорните страни ги исполнат зададените обврски и дека во тие рамки турските власти ги имаат започнато подготовките за спроведување на договорот.
Меркел, вклучувајќи го и нападот извршен од страна на ПКК во Дијарбакир на 31-ви март, изрази сочувство за загинатите цивили и припадници на безбедносните сили во Турција при терористичките напади и истакна дека Германија се солидаризира со Турција.
Премиерот Давутоглу на пораката за солидаризација ѝ се заблагодари на Меркел и рече дека Турција останува посветена на борбата против тероризмот.
Премиерот Давутоглу исто така спомена дека последниве денови има значително негативни написи во германскиот печат насочени кон претседателот Реџеп Таип Ердоган и Турција, во кои осврнувајќи се на правото на слободата на печатот, се публикуваат негативни содржини. Тој посочи дека тоа е неприфатливо и очекува да се прекинат ваквите публикувања.
Меркел рече дека ги следи случувањата и написите во печатот, дека таков тип на написи во никој случај не го одразува пристапот на германската влада.