Esra Kaymak
09 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Официјалниот претставник на Курдската самоуправа во северниот дел на Ирак задолжен за надворешните односи Хемин Хаврами, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) за курдските вооружени сили Пешмерга треба месечно да одвојуваат 300 милиони долари за борба против ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Парите според него се потребни за "плати, логистика и транспорт на борци". Говорејки во Институтот за Блискоисточна политика во Вашингтон, изјави дека Регионалната курдска влада во Ирак (КРГ) не е во можност да ги обезбеди основните услови за "Пешмерга" како што се храна и зимска облека и додаде дека војниците не биле платени од септември, минатата година,
"Ние ги немаме тие пари", рече Хаврами додавајќи дека "Пешмерга" може да ги совлада ДАЕШ доколку САД ѝ пружат финансиска помош.
"Ние сакаме "Пешмерга" да го совлада ДАЕШ. Ако ја земеме предвид сегашната состојба и ако ги земеме в предвид воздушните операции, сè уште ДАЕШ ја има преднoста во однос на "Пешмергa". Зошто на "Пешмерга" да не им обезбедиме тенковите?", рече тој.
Според Хаврами, ДАЕШ може да се победи на терен, бидејќи "Пешмерга" во неколку наврати докажа дека може да се спротивстави на милитантите на таа терористичка организација.
"Ние ќе продолжиме да обезбедуваме воена и логистичка поддршка на сите ирачки сили кои се борат против ДАЕШ, вклучувајќи ја и Пешмерга", рече Ал-Мавлави, гласноговорникот на ирачката амбасада во САД.
Инаку, постојат јасни политички разлики меѓу ирачката централна влада и регионалната курдска влада на Ирак (КРГ). Референдумот, кој е закажан за втората половина на 2016 година ќе покаже дали жителите кои ги опфаќа КРГ сакаат одвојување од централната ирачка влада.