Hüseyin Burak Demirer
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Пилотот на Хонда, Шпанецот Марк Маркез, е победик во трката на Гран При шампионатот на Германија, деветтата трка од светскиот шампионат во Мото ГП, јавува Anadolu Agency (AA).
Деветтата трка од светскиот шампионат во Мото ГП се одржа на пистата Захсенринг, долга 3,7 километри, која се наоѓа во германскиот град, Кемниц, а пилотите се тркаа во 30 круга.
Марк Маркез во трката започна во пол позиција и не ја изгуби својата водечка позиција до крајот на трката. Маркез после пет трки повторно ја презеде лидерската позиција, откако оваа позиција му ја одзеде пилотот на „Monster Yamaha Tech 3“, Џонас Фолгер, во шестата трка од шампионатот.
Со овој триумф кој го постигна со време од 40.59.525, 24-годишниот Маркез ја освои својата втора титула оваа сезона, додека ова е 31. победа во својата кариера во Мото ГП.
Второпласиран на трката за Гранд При на Германија беше Фолгер, а третопласиран беше неговиот тимски колега Дани Педроса.
Mаркез со оваа победа ги покачи своите поени на 129.
Гран При на Чешка, десеттата трка од светскиот шампионат во Мото ГП, ќе се одржи на 6. август оваа година.