Hüseyin Burak Demirer
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Возачот на Репсол Хонда, Шпанецот Марк Маркез, е победник на Големата награда на Малезија, 18. трка на овогодишниот МотоГП Светски шампионат, пренесува Anadolu Agency (AA).
На патеката „Марко Симончели“ (поранешна „Мисано“), долга 5,5 километри, во Сепанг, Малезија, беа возени 20 круга.
На Шпанецот оваа победа му е 9. оваа сезона, додека 44. победа во историјата на МотоГП.
На второ место заврши Алекс Ринс, возач на Сузуки Екстар, додека трет беше возачот од Монстер Јамаха Теч 3, Јохан Зарко.
Последната трка на сезоната Големата награда на Валенсија, ќе се организира на 18 ноември.
Рангирање на возачите по Големата награда на Малезија:
1. Марк Маркез (Шпанија): 321 поен
2. Андреа Довициозо (Италија): 220 поени
3. Валентино Роси (Италија): 195 поени
4. Маверик Виналес (Шпанија): 193 поени
5. Алекс Ринс (Шпанија): 149 поени