Satuk Buğra Kutlugün
19 Јануари 2017•Ажурирај: 19 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Денешната вонредна седница на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) ќе се фокусира на Рохинџа муслиманите, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сопштението, на состанокот во Куала Лумпур фокусот ќе биде на хуманитарната криза со која се соочуваат Рохинџа муслиманите по насилството што избувна на 9 октомври во северната држава Ракајн во Мјанмар.
Од министерството се вели дека Турција ќе биде претставувана од страна на заменик-министерот за надворешни работи, амбасадорот Ахмет Јилдиз.
Турција ќе пристапи кон ситуацијата на муслиманите во Мјанмар со голема грижа, се вели во соопштението во кое се потсетува за посетата на министерот за надворeшни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Ракајн, во текот на официјална посета на Мјанмар од 13 до 14 јуни 2016 година, кога се состана со членовите на муслиманската заедница.
„Вредноста на хуманитарната помош што Турција ја обезбеди за Мјанмар преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), турската Црвена полумесечина и Агенцијата за управување со вонредни состојби (AFAD) од ноември 2012 година, изнесува 13 милиони долари“, се додава во соопштението.
Во вторникот, собирот на муслиманите во еден мал град во Мјанмар беше откажан поради протестите на будистичката националистичка група.