Ekip
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Веќе трет ден од големите монсунски поплави, малезиските власти ги евакуираат загрозените жители, чиј број се зголеми на 25.000, пренесува Anadolu Agency (AA).
Монсунските дождови се со зголемен интензитет од вторникот, особено во двете североисточни крајбрежни држави Теренгану и Келантан.
Заменик-премиерот на Малезија, Ахмад Захид Хамиди, соопшти дека во споменатите земји се распоредени илјадници службеници на цивилната служба.
Во Келантан се евакуирани 14.132 жители и 5.046 семејства, додека во Теренгану се евакуирани 11.000 жители.
Тамошните власти веруваат дека бројот на евакуираните жители ќе се зголемува и во наредните денови.
Издадена е наредба за затворање на 111 училишта во двете држави во кои наставата ја посетуваат 32.000 ученици и 3.500 наставници.
Монсунските поплави не се редок феномен во Малезија, која секоја година ја погодуваат смртоносни поплави. Кон крајот на 2014 година оваа земја беше погодена од најголемите поплави во изминатите 30 години.