Berad Büyük
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Маверик Вињалес е победникот на Големата награда на Холандија, осмата трка на годинешниот Мото ГП шампионат, јавува Anadolu Agency (AA).
Осмата трка се возеше во Асен, а Шпанецот Вињалес (Монстер Енерџи Јамаха) трката ја заврши со време од 40:55.415.
Второпласиран беше Марк Маркез (Репсол Хонда), кој доцнеше зад победникот за 4,854 секунди.
На третото место заврши Фабио Квартараро (Петронас Јамаха), кој зад Вињалес заостануваше 9,738 секунди.
Големата награда на Германија, деветтата трка во сезоната, ќе се вози на 7 јули.
Пласман на возачите:
1. Марк Маркез (Шпанија): 160 бода;
2. Андреа Довициозо (Италија): 116 бода;
3. Данило Петручи (Италија): 108 бода;
4. Алекс Ринс (Шпанија): 101 бода;
5. Валентино Роси (Италија): 72 бода.